Салах и Вирц/Liverpool FC

ВИДЕО: Њукасл прв даде гол, па доживеа дебакл против Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул на убедлив начин се вратија на победничките патеки, откако на „Енфилд“ во рамки на 24. коло од Премиер лигата го совладаа Њукасл со 4-1, ставајќи крај на серијата од пет првенствени натпревари без победа.

Иако почетокот не најавуваше ваков епилог, бидејќи гостите поведоа во 36. минута со погодокот на Гордон и внесеа немир на трибините, реакцијата на „црвените“ беше молскавична. За само две минути Ливерпул направи комплетен пресврт, а двата гола ги постигна расположениот Екитике, со што домаќините на пауза заминаа со предност од 2-1.

Во второто полувреме Ливерпул целосно ја презеде контролата врз играта и ја потврди доминацијата. Прашањето околу победникот практично беше решено во 67. минута, кога Вирц го постигна третиот гол. Точка на натпреварот стави Конате, кој во третата минута од судиското надополнување ги постави конечните 4-1.

Со овој триумф, Ливерпул го прескокна Манчестер Јунајтед на табелата и се искачи на петтата позиција, додека Њукасл остана на 10. место. Во следното коло „црвените“ ги очекува големо дерби против Манчестер сити, додека Њукасл ќе го пречека Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот