Интер - Викторија Плзен/26 Октомври/ Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

ВИДЕО | Ништо од чудо во Милано: Интер победи и ја испрати Барселона во Лигата на Европа

Интер е новиот осминафиналист во Лигата на шампионите откако не дозволи изненадување и славеше победа од 4:0 против Викторија Плзен.

Победа денес против Викторија Плзен „нероаѕурите“ им обезбедуваше нокаут фаза во најелитното европско натпреварување и оваа прилика италијанскиот гигант не ја пропушти.

Од самиот почеток на натпреварот Интер беше подобар тим на теренот, а таквата игра им се исплатеше после 35 минута игра кога мрежата на гостите од Чешка ја погоди Хенрик Микхтаријан. Само седум минути подоцна Џеко зголеми на 2:0.

Со тој резултат се замина на полувреме и веќе стануваше јасно дека Интер нема да „киксне“. Сите дилеми беа решени во 66. минута кога Џеко го постигна својот втор гол. За поголемо задоволство на навивачите на Интер во листата на стрелци се запиша и Ромелу Лукаку во 86. минута. За Белгиецот ова беше враќање на терените после подолга пауза поради повреда.

Оваа победа на Интер значеше лоши вести за Барселона која сега и дефинитвно продолжува во Лигата на Европа, па нивниот вечерашеннатпревар против Баерн нема да има големо резултатско значење.

 

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Порто на гостински терен забележа убедлива победа против Клуб Бриж од 0:4. Тареми беше стрелец на единствениот гол во првото полувреме, додека во второто погодуваа, Еванилсон, Еастакио и уште еднаш Тареми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот