ВИДЕО: Николов поуспешен од Ристовски и Адеми, Шериф по Црвена звезда го елиминира и Динамо Загреб

Шериф за прв пат ќе игра во групната фаза во Лигата на шампионите/ фото: EPA-EFE/Janerik Henriksson

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми нема да играат во Лигата на шампионите во претстојната сезона откако беа запрени на последната препрека и тоа од тимот чиј член е Бобан Николов.
Екипата на Динамо Загреб е елиминирана во последното коло од квалификациите за пласман на групната фаза во ЛШ и тоа од екипата на Шериф Тираспол за која во новата сезона ќе настапува Бобан Николов кој вечерва не можеше да настапи за новиот тим бидејќи е позитивен на коронавирус.


Шериф во првиот натпревар славеше со 3:0, а вечерва во реваншот во Загреб одигра 0:0 и за прв пат во својата историја обезбеди пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Екипата на Шериф во претходното коло беше поуспешна од уште еден тим од регионот, Црвена звезда.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо Загреб, додека Аријан Адеми поради повреда не настапи.
Пласман во групната фаза во ЛШ обезбеди и австрискиот шампион Салцбург кој и во реваншот против Брондби славеше со идентичен резултат 1:2.

Сите дилеми околу патникот во групната фаза во ЛШ беа решени во првите 10 минути од натпреварот кога Салцбург со головите на Сеско и на Аронсон поведе со 0:2. Бронди до крајот на средбата успеа да намали и со голот на Мачо во 62 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот