Фото: Screenshot/Instagram

ВИДЕО | Неверојатни сцени во Србија: Раднички обезбеди опстанок, па фудбалерите се степаа со своите навивачи

Неверојатни сцени ја одбележаа завршницата од натпреварот меѓу Раднички Крагуевац и Јавор во последното коло од плеј-аутот во српската Суперлига. Средбата заврши без победник 2-2, резултат што му обезбеди опстанок на Раднички, но славјето за само неколку моменти се претвори во вистински хаос.

По последниот судиски свиреж, тренерот на домашниот тим Славко Матиќ заедно со фудбалерите влета на теренот за да го прослави опстанокот, но тогаш следуваа шокантни сцени.

Навивачите на Раднички втрчаа на тревникот, но наместо да слават со своите играчи, започнаа напад кон нив. Во еден момент беа запалени и два факели кои беа фрлени кон фудбалерите, додека Матиќ влезе и во жестока вербална расправија со дел од навивачите.

Ситуацијата брзо излезе од контрола, па на теренот интервенираше и полицијата. Фудбалерите на Раднички видно револтирани тргнаа кон пресметка со навивачите, додека полицијата се обидуваше да ги оттурне кон трибините.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Glas Šumadije (@glassumadije.rs)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот