ВИДЕО: Непрофесионално од Меси, а друг играч ќе добиеше црвен картон!

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Непрепознатливо играат Каталонците оваа сезона, и Алавес остана непоразен во дуелот со екипата на Куман.

Барселона повторно киксна, овојпат во Виторија каде одигра само 1:1 иако ја имаше фаворитската улога против играчите на тренерот Пабло Мачин.

Фрустрацијата не ја криеше лидерот на составот во Барса, Лионел Меси, кој на чист авторитет помина само со жолт картон пред крајот на првото полувреме, иако ја шутна топката кон главниот судија, што би бил директен црвен картон за кој било друг играч.

Меси доби само жолт картон, но ниту тоа не им помогна на гостите да го свртат резултатот во нивна корист.

Погледнете како Аргентинецот луто ја шутна топката во правец кон главниот судија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот