epa08790043 Barcelona's striker Antoine Griezmann (R) scores the 1-1 during the Spanish LaLiga soccer match between Deportivo Alaves and FC Barcelona at Mendizorroza stadium in Vitoria, Basque Country, Spain, 31 October 2020. EPA-EFE/David Aguilar
Барселона заборави да победува во Ла Лига (ВИДЕО)
Слободен печат
Пред
Само три дена дена откако го совлада Јувентус во Лигата на шампионите, Барселона одигра разочарувачки 1:1 против Алавес.
Ова е четврти натпревар во Ла Лига на кој Барселона не успева да дојде до победата откако претходно загуби од Реал Мадрид (1:3) и Хетафе (0:1), додека против Севиља одигра нерешено (1:1).
Домашниот тим поведе во 31. минута преку Риоха кој ја искористи катастрофалната грешка на одбраната. Имено, Пике му ја додаде топката на голманот Нето кој се сплетка и дозволи противничкиот напаѓат да му ја одземе и да ја смести во празниот гол.
Во второто полувреме, Барселона заигра на се или ништо, а згора на тоа Алавес остана и со играч помалку по исклучувањето на Жота во 62. минута. Барселона веќе во следниот напад успеа да израмни преку Антоан Гризман за кого ова беше прв гол сезонава, но не успеа да постигне и втор гол и да дојде до победата.
Со освоениот бод, Барселона се наоѓа на 12. позиција на табелата со осум бодови, дури осум од лидерот Реал Мадрид.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …