ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Фото: Screenshot/YouTube

Импровизиран лесен авион што се урна во регионот на Волга во руската република Татарстан, при што загинаа две лица, очигледно бил киднапиран, изјави денеска извор од локалната полиција.

“Според прелиминарните податоци, авионот бил грабнат од две лица од аероклубот Алеметиевск. И двајцата загинаа”, рекол изворот за ТАСС.

Според изворот, лесниот авион се урнал веднаш по полетувањето, на околу 900 метри од пистата на аеродромот Поима.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот