Детроит - Кливленд/ Screenshot X

ВИДЕО | Необична сцена во НБА: Неподнослива бучава од расипана сирена прекина натпревар

Натпреварот меѓу Детроит и Кливленд во НБА лигата беше накратко прекинат поради необична ситуација која ги изненади кошаркарите и навивачите. Двете екипи доцнеа дури 18 минути со враќањето на паркетот во третата четвртина поради дефект на семафорот над теренот, предизвикан од електричен удар.

За време на минута одмор, при водство на Пистонс од 65:64, се огласи сирената што вообичаено означува крај на паузата и враќање во игра. Но, наместо краток сигнал, овојпат следуваше непрекината и бучава која никако не запираше, и покрај обидите на вработените во салата да го отстранат проблемот.

Кошаркарите најпрво се вратија на клупите, а потоа повторно беа повикани на теренот за загревање. По околу тринаесет минути, техничката служба го исклучи целиот семафор, по што сирената конечно прекина да свири, на огромно олеснување и аплауз од трибините.

Кога играта продолжи, записничката маса користеше рачна воздушна сирена за сигнализација. Судиите на средината од теренот одржаа краток состанок со тренерот на Пистонс, Џеј Би Бикерстаф и стратегот на Кавалирс, Кени Аткинсон, по што беше соопштено дека мечот ќе продолжи без главниот семафор. Сепак, кратко потоа системот повторно проработе.

На снимките од трибините се гледаа навивачи како ги затвораат ушите, обидувајќи се да се заштитат од неподносливата бучава. Пистонс на крајот славеа по продолжение со 122:119, но инцидентот со сирената дефинитивно го одбележа натпреварот.

ВИДЕО | Ретко го гледаме во вакво издание: Јокиќ ги загуби нервите и тргна да се тепа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот