ВИДЕО | Ненов: Парно греењето во Скопје е монополизирано – зад БЕГ стои Груевски и „фамилијата“

Марјан Ненов
Марјан Ненов, Но Пасаран / Утрински брифинг

Ние сме граѓани оштетени од приватната компанија БЕГ, и како граѓани се организиравме во „НО ПАСАРАН“. Парното греење сметаме дека е организиран монопол и ние мораме да се одбраниме. Првиот криминал е направен со приватизацијата на Топлификација и ние се бориме за негово враќање.

-Ова се правни игри со цел некој дебело да заработи. Расплет ќе има кога ќе немаме приватизирано судство и кога Јавното обвинителство ќе почне да си ја работи својата работа, вели за Утрински брифинг електроинженерот и граѓански активист, Марјан Ненов.

БЕГ АД е формирана со 25 000 евра од консултантски фирми. Станува збор за Оф шор компании.

-Никола Груевски и фамилијата стојат зад оваа компанија, а вистинскиот сопственик е русиот Леон Клеменев кој е баран и од руската федерација за големи финансисти проневери. Владата е сега сојузник во криминалот. Вистинската борба сега е борбата за лиценците на БЕГ. БЕГ го крши законот за енергетика а ако го крши овој закон ги крши сите законски одредви и треба да им ја одземе лиценцата. РКЕ е под силен притисок од бизнис секторот и не е проблемот таму туку до другите членови на РКЕ каде има партиски влијанија, вели Ненов.

Ненов додава дека спасот од енергетската криза не е во негова национализација туку одземање на лиценците. Шилегов имаше добра идеја, но очигледно некој му ги врза рацете.

-Втора работа што треба да се направи е национализација на ТЕ-ТО. Во енергетска криза Владата времено тоа може да го реализира. ТЕ-ТО ни ја продава струјата по 170 евра но според нашите сознанија производствената цена на струја е помала од 100 евра, вели за УБ електроинженерот и граѓански активист, Марјан Ненов.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот