ВИДЕО | Неколку илјади џиновски скулптури на панди изложени во Хонг Конг
Неколку илјади скулптури на џиновски панди се изложени во Хонг Конг, каде вчера беше отворена најголемата изложба на тема панди наречена „Panda Go!“.
На изложбата ќе бидат изложени 2.500 скулптури, кои прво ќе бидат изложени на популарната шопинг локација „Авенија на ѕвездите“, а подоцна ќе бидат преместени на три други локации во градот, пренесува АП.
Една од главните локации е „Оушн парк“ (Ocean Park), дом на близнаците панди кои се родени во август и нивната мајка Јинг Јинг, која на 19 години (57 човечки) стана најстарата панда која за првпат стана мајка.
Се очекува посетителите да можат да ги видат близнаците во февруари.
Исто така, новодојдената двојка панди Ан Ан и Ке Ке, кои пристигнаа во Хонг Конг во септември, се во Оушн парк.
Неколку познати личности, вклучително и музичарот Фарел Вилијамс, дизајнираа специјални скулптури на панди, кои ќе бидат понудени на аукција, а приходите ќе бидат донирани во напорите за зачувување на паркот.