ВИДЕО: Не сакаше да се поздрави со Ѓоковиќ, неспортски потег на Американецот Томи Пол

„Тимот на Европа“ на Лејвер купот во Лонон/фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Непрофесионалниот и неспортски потег на 25-годишниот Американец Томи Пол ги запрепасти љубителите на тенисот ширум светот.

Срамна сцена е видена по мечот од „Лејвер купот“ во Лондон помеѓу Новак Ѓоковиќ (Србија) од „Тимот на Европа“ и Френсис Тиафо (САД) од „Тимот на Светот“.

Американскиот тенисер Томи Пол по убедливата победа од 2:0 на Ѓоковиќ одби да се ракува со српскиот ас.

Ѓоковиќ го совлада Тиафо со 6:1 и 6:3 и откако се поздрави со својот ривал на мрежата, се приближи до клупата на „Тимот на Светот“ за да се поздрави и со останатите тенисери, односно со противниците.

Ја подаде раката кон тренерот на „Тимот на Светот“ Џон Мекинро, а потоа тргна кон другите. Следеше неспортскиот потег на Томи Пол, наместо да биде пример за професионален спортист, не му подаде рака на Србинот, туку ја сврте главата на другата страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот