ВИДЕО | Наумовски: Со планот на ЕУ за Западен Балкан се отвора милионски пазар за македонските мали и средни компании

проф. д-р Синиша Наумовски/фото слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Економистот и професор Синиша Наумовски за Слободен печат посочи дека во изминатите 30 години Македонија и нејзините граѓани во ЕУ имаат постојана и конкретна економска поддршка. Со планот за забрзан развој од шест милијарди евра што сега промовира ЕУ се отвора пазарот на ЕУ, но и се зголемува поддршката на малите и средни претпријатија.

Наумовски смета дека интеграцијата во ЕУ ќе придонесе за отворање на пазарот што ќе ја поттикне конкурентноста на домашните компании, а помошта ќе станува се поголема како што ќе се приближуваме кон ЕУ.

-Ако ја извадиме политичката тема и дојде економијата како главна на пиедесталот ќе им кажеме на маливе и средни компании дека вие ќе имате отворен пазар да продавате консултанство, да продавате сметководство, да продавате зеленчук, овошје, пиперки, струја насекаде во Европа, значи имате милионски пазар, што не е исто со пазар 1,8 милиони жители колку што сме ние.“

Целото интервју со проф. д-р Синиша Наумовски погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот