ВИДЕО | Наумовски: Алармантно – Супер организирани мрежи за шверц со мигранти, политички тензии или профит?

Горан Наумовски, Слободен печат / Утрински брифинг

Силите на полицијата лани спречиле 25.000 обиди на мигранти илегално да влезат во Македонија од Грција.

Според официјалната статистика за тој период, 27.445 мигранти биле сместени во регистрираните кампови во Македонија – 1.801 во „Табановце“ и 25.644 во „Винојуг“ пред да бидат депортирани назад во Грција.

На границата со Грција покрај македонските полициски патроли, патролираат и полициските сили од земјите на ЕУ како и воените патроли на АРМ. Покрај патролите, граничната линија од Дојран до Пелистер е затворена и со два реда мрежна ограда која е висока три метри и е обвиткана со три слоја „жилет“ мрежа. Сепак, сето тоа не ги спречува мигрантите илегално да влезат во земјава, рече во денешното гостување во „Утрински брифинг“ новинарот на „Слободен печат“ Горан Наумовски.

Тој нагласи дека јужната граница е доста порозна, мигрантите најчесто влегуваат преку Беласица, близу Дојран, кај Камен-59 близу Гевгелија, но и преку нивите кои се протегаат на потегот Гевгелија-Богданци.

Објаснувајќи за нелегалниот влез на мигранти во земјава објасни дека тие поставуваат облека и картони врз „жилет“ мрежата и со прекачување ја минуваат оградата.

– Тие што ќе влезат нелегално во земјава, тоа го прават со помош на криминални групи кои за паричен надоместок имаат помош и од локалното население – вели Наумовски.

Целиот разговор во видеото, а РЕПОРТАЖАТА со видео, фото и инфографици на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот