ВИДЕО | Наум Петрески му ја посвети безвременската „Ако умрам ил’ загинам“ на Андреј од „ДНК“
Пријателството меѓу легендарниот Наум Петрески и трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓорѓиески, сега доби вечен белег преку песна и видео исполнето со спомени.
Препорачано
Петрески ја препеа безвременската „Ако умрам ил’ загинам“ од Јонче Христовски, како дел од проектот „Македонијо, во срце те носиме“. Емотивната изведба е проследена со видео во кое се вметнати заеднички фотографии на двајцата музичари, симболично сведоштво за нивното долгогодишно пријателство.
Ѓорѓиески често знаеше да каже дека Петрески му бил како втор татко, додека пејачот на народна музика и самиот повеќепати ја изразуваше болката по големата загуба. Со новата изведба и спотот, тој ја претвори личната тага во уметнички омаж што ќе остане за идните генерации.
Песната е добиена во ново руво, со аранжман на Николче Мицевски.
Дел од истиот проект се и композициите: „Не кажувај либе добра ноќ“ во изведба на Огнен Здравковски, „Како пиреј“ на Ламбе Алабаковски, „Се собрале комитите“ на Миле Кузмановски, „Како што е таа чаша“ на Спасен Силјаноски и „Ја излези стара мајко“ на Марија Спасовска.
Во продолжение на проектот се вклучени и песните „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија“ (Сузана Спасовска), „Мајко силна“ (Александар Тарабунов) и „Каде сте Македончиња“ (Андријана Јаневска).
Организатор на проектот е продукцијата „Скендеровски“.


