ВИДЕО: Научници откриле како може да се свитка мразот

мраз
ФОТО: Принтскрин/Youtube

Мразот не е познат по својата флексибилност. Всушност, сосема спротивно, тој е цврст и лесно пука и се крши. Научници успеале да направат микровлакна од мраз што можат да се свиткуваат во јамка и со тоа отвориле нови можности за истражување на физиката на мразот, пренесува „Science Alert“.

Мразот не се однесува секогаш како што очекуваме, а неговата еластичност или поточно, недостатокот на истата е совршен пример. Теоретски, тој треба да има максимален еластичен напор од околу 15 проценти. Во реалниот свет, максималното еластично оптоварување кое е некогаш измерено е помалку од 0,3 проценти. Причината за ова несовпаѓање е што ледените кристали имаат структурни недостатоци што ја зголемуваат нивната кршливост.

Така, тим истражувачи предводени од нанонаучникот Пеичен Ксу од универзитетот „Џеѓијанг“ во Кина се обиделе да создадат мраз со што помалку структурни недостатоци.

Експериментот се состоел од ставање на волфрамска игла во ултра ладна комора на околу минус 50 степени Целзиусови. Потоа, водена пареа била испуштена во комората и било создадено електрично поле. Тоа ги привлекло молекулите на вода до врвот на иглата, каде што се кристализирале, формирајќи микровлакна со максимална ширина од околу 10 микрометри-помала од ширината на човечката коса.

Следниот чекор бил да се намали температурата меѓу минус 70 и минус 150 Целзиусови степени. Под овие ниски температури, истражувачите се обиделе да ги свиткаат ледените влакна.

На минус 150 степени Целзиусови, тие откриле дека микровлакната со пречник од 4,4 микрометри можат да се претворат во скоро кружна форма, со радиус од 20 микрометри. Ова сугерира на максимално еластично оптоварување од 10,9 проценти.

„Накратко, еластичните ледени микровлакна демонстрирани овде можат да понудат алтернативна платформа за истражување на физиката на мразот и да отворат претходно неистражени можности за технологија поврзана со мраз во различни дисциплини“, рекле научиците во студијата објавена во списанието „Science“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот