ВИДЕО: НАТО вежба десант, воена опрема поминува низ Бугарија

Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека војска и воена опрема од Здружените сили на НАТО ќе поминат низ територијата на земјата со многу висок степен на готовност за да учествуваат во вежбата „Цврст бранител – 21″ („Steadfast Defender – 21).

Според дописникот на МИА од Софија, повеќе од 400 војници, борбена и помошна опрема од Здружените сили на НАТО со многу висок степен на готвност од денеска ќе бидат преместенувани од Турција и Албанија во Романија, минувајќи низ Бугарија за да се приклучат на вежбите на Алијансата „Цврст бранител – 21″ и „Благороден скок – 21″ (Noble Jump – 21). Тие ќе бидат придружувани од Воената полициска служба, а за оваа цел граничните пунктови на Бугарија со Турција, Србија и Романија се подготвени за преминувањето на воена опрема и единици на НАТО кон Романија.

Вежбата „Steadfast Defender – 21″ на НАТО започна овој месец. Целта е да се тестира подготвеноста и воената мобилност на НАТО со распоредување на сојузничките сили по копно и море од Северна Америка до регионот на Црното Море и крај бреговите на Португалија. Во периодот од 1 мај до 19 мај 2021 година на териториите Бугарија, Естонија и Романија се одржува и воздухопловна-десантска вежба „SWIFT RESPONSE 21″. Во текот на ноќта беше изведен стратешки десант на воениот аеродром Чешнегирово во јужна Бугарија. За време на оваа вежба, специјални операции, десантни напади, контрола на локацијата и борбени пукања ќе бидат спроведени на различни полигони во земјите домаќини. Во Бугарија, покрај Чешнегирово, ќе се користи и полигонот Ново Село.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот