ВИДЕО: Наскар-возачи се степаа покрај патеката откако се судрија во текот на трката

foto Twitter@NASCARon NBC

Страстите зовреа по судирот на патеката помеѓу Баба Валас и актуелниот шампион Кајл Ларсон на трка во Лас Вегас

Скандал во американската автомобилистичка серија Наскар предизвика тепачката покрај патеката помеѓу Баба Валас и актуелниот шампион Кајл Ларсон.

По кошкањето на патеката со автомобилите, обајцата возачи имаа блиска средба во просторот до патеката, при што шампионот ќе го извлечеше подебелиот крај од покрупниот и физички посилен Валас.

Имено Валас сметаше дека Ласон е виновникот за кошкањето на патеката додека беа во автомобилите. Прво Ларсон го „поттурна“ возилото на Валас во оградата, а потоа овој за да му врати го истурка од патеката.

На крај обете возила завршија во оградата. Потоа Валас сметаше дека треба и физички да се пресмета со „виновникот“…

Инцидентот се случи на патеката во Лас Вегас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот