ВИДЕО: НАСА успешно испрати свои астронаути на Меѓународната вселенска станица

Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) денеска лансираше четворица астронаути до Меѓународната вселенска станица (МВС) со ракета и капсула кои се за повеќекратна употреба.

Астронаутите се од три земји, лансирањето беше од вселенскиот центар Кенеди на Флорида и капсулата „Крју драгон” се очекува да се припои со станицата рано во сабота.

Се работи за ракетата за повеќекратна намена „Фалкон-9″ на компанијата Спејс Икс. Ракетата успешно се врати на пловечка платформа во Атлансткиот Океан. Ова е втора употреба на оваа ракета.  

Повеќекратната употреба помага да се намалат трошоците за вселенската програма на НАСАРакетата е произведена од СпејсИкс, компанијата има склучено договор за соработка со НАСА вреден повеќе милијарди долари.

Мултинационалниот екипаж е составен од астронаутите на НАСА, Шејн Кимброу и Меган Мек Артур, Томас Пескет од Европската вселенска агенција и Акихико Хошиде од Јапонската агенција за вселенски истражувања.  

Ова е првпат НАСА да користи повеќекратна ракета и капсула за испраќање свои астронаути на МВС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот