ВИДЕО: Најмалку 13 луѓе повредени во опожарената 14-катница во Валенсија

фото:МИА, Гори зграда во Валенсија

Најмалку 13 лица се повредени во пожарот што денеска уништи 14-катница во шпанскиот град Валенсија и се прошири во соседната зграда, соопштија шпанските власти

Зградата има 138 домови во кои живеат околу 450 луѓе.

Пожарот што избувна претходно денеска создаде облак од густ чад и на пожарникарите им е многу тешко да се справуваат со огнената стихија.

За само половина час пламените јазици ја зафатија целата зграда која е изградена во 2008 година.

Гори зграда во Валенсија, луѓе бегаат преку балкони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот