ВИДЕО | Најголемите атракции во парискиот Дизниленд добија нова димензија – и волшебниот свет на „Фроузен“ стана реалност
Дизниленд Париз свечено ја отвори новата зона посветена на филмот „Фроузен“ (Frozen) – Леденото кралство, како и две нови атракции. Овој нов дел од забавниот парк вклучува нова авенија, езеро од три хектари и низа нови содржини, пренесува „Дизниленд Париз“.
Препорачано
Со ова, паркот на студиото „Волт Дизни“ и официјално е преименуван во „Дизни светот на авантурите“.
Новото проширување практично означува завршување на големата трансформација на комплексот. „Авенијата на авантурите“ стана главната оска на паркот, со повеќе од 1.000 засадени дрвја, павилјони во стилот на „Art Nouveau“ и илјадници светла кои ноќе создаваат посебна волшебна атмосфера.
Зоната на „Леденото кралство“ верно го доловува скандинавското село Арендел од филмот. Главната атракција е шестминутно возење со чамец низ светот на принцезите Ана и Елза, со напредна аниматроника и сценографија која се очекува да стане најпопуларна во паркот. Покрај тоа, отворена е и вртешка инспирирана од приказната за Златокоса.
Оваа трансформација е дел од инвестицискиот план вреден две милијарди евра, започнат во 2018 година. Посетителите сега можат целосно да „нурнат“ во световите на Дизни, Марвел и Пиксар, доживувајќи сопствена авантура во редизајнираниот простор кој ги исполнува највисоките стандарди за забава.


