ВИДЕО | Најдобриот македонски тенисер тренираше со Ѓоковиќ

Фото: Калин Ивановски/Инстаграм

Македонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски на социјалните мрежи објави дека одржал тренинг со еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Калин е во Белград каде што поминал малку време на теренот со Ѓоковиќ, а од неговата објава на социјалните мрежи може да се види како разменуваат удари.

Ѓоковиќ од претходно е запознаен со македонскиот тенисер и во една прилика изјави дека би сакал да одигра тениски меч со Ивановски.

Секако дека моментите поминати со за многумина најдобриот тенисер на сите времиња значат многу за Калин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kalin Ivanovski (@kalin_ivanovskii)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот