ВИДЕО | Националниот џез оркестар вечерва ќе го одржи својот прв концерт

Фото: Слободен печат

Националниот џез оркестар вечерва во 20 часот ќе го одржи својот прв концерт во просториите на Националната опера и балет.

Со овој концерт свечено ќе биде одбележан почетокот на концертната сезона на Оркестарот.

Како што соопшти Националниот џез оркестар, концертот ќе претставува еден вид симбиоза на биг бенд творештвото на истакнати македонски џез автори од повеќе генерации.

Диригентот на Оркестарот, Џијан Емин за „Слободен печат“ изјави:

– Како за прв концерт ќе отсвириме програма на македонски композитори од минатото, кои компонирале во изминатите неколку децении, потоа млади, нови композитори, како и оние од средната генерација. Направивме еден колаж од интересни композиции, кои мислиме дека ќе ѝ бидат интересни и на публиката. Ќе свириме музика на Илија Пејовски, Владимир Николов, Алек Пејовски, Иван Петровски, Сашко Николовски, Трајче Велков, Зоран Костадиновски, Гордан Спасовски, една моја композиција и една од Шпато, „Поздрав до оркестарот“, а ние традиционално почнавме да си ја викаме ,,Поздрав од оркестарот“. Тоа ќе биде специјален поздрав до публиката од Орекстарот.

За месеците кои следат, новата национална установа подготвува внимателно избран репертоар кој ги следи актуелните трендови во џез музиката, но вклучува и изведби на џез класици од домашната, регионалната и светската џез сцена, како и гостувања на еминентни музички имиња, наведуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот