ВИДЕО | Началник Димовски: Намалениот број на интервенции се должи на тоа што сме присутни и видливи на теренот

Примислав Димовски, началник на Интервентната единица при СВР Скопје / Фото; Слободен печат

Началникот на Единицата за интервента полиција Примислав Димовски во гостувањето во Утрински брифинг говори за работата на оваа единица со која раководи и која дејствува на повик преку единствениот број за итни интервенции 112.

-Полицискиот службеник кој е и оператор во Единицата за информации и координација при СВР Скопје, директно одлучува која служба од терен ќе ја прати, но 80% тоа се интервенции во која е вклучена Единицата за интервентна полиција. Ако направиме паралела, ние сме тие кои доаѓаме вооружени, изјави за Утрински брифинг Примислав Димовски, началник на Единица за интервентна полиција.

Тој објаснува како е формирана оваа полициска единица од припадници на поранешната единица „Алфа“ која претходно дејствуваше во интервентни ситуации:

-Ние се формиравме по урнек на хрватската интервентна полиција која е раширена на територија на цела Хрватска, тие пак се создадени по урнек на германската полиција. Ние сме на почеток сега за сега во Скопје и има размислување да се рашири по другите сектори низ државата. Имаме по 20-30 интервенции дневно. Сега за сега статистиките покажуваат дека се одржува таа нормала и пред се интервентата полиција сега има и превентивна улога и намалениот дел на интервенции се должи на тоа што сме присутни и видливи на теренот, вели Димовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот