ВИДЕО: На улица во Газа, со израелски тенк, убиено цело семејство

EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Новинар во центарот на Газа го снимил моментот кога тенк пука кон автомобил среде пат. Јусаф ал-Саифи патувал од југ кон градот Газа кога забележал тенк на патот и почнал да ги предупредува другите, објави Скај Њуз.

На снимката може да се види како автомобилот се приближува до земјена бариера, очигледно поставена од булдожер, пред да се сврти и да тргне во спротивна насока.

Додека возел, тенкот отворил оган. „Кога сакав да се вратам, видов автомобили кои брзо возат во мојот правец. Почнав да велам гласно „не оди напред, не оди напред“, рече Јусаф. „Автомобилот што одеше напред не свати дека има тенк. Продолжи брзо напред и потоа свати. Тие пукаа во него.

„Возачот се обиде да се врати назад, со него имаше семејство. Го видов семејството во автомобилот. Го погодија со граната и загинаа. Тоа го видов со свои очи.“

Министерството за здравство на Газа, под контрола на Хамас, подоцна соопшти дека три лица биле убиени. Скај њуз се обратиле до израелските одбранбени сили за коментар и се уште чекаат одговор.

Извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел изјави денеска дека во Појасот Газа секојдневно се убиени или повредени повеќе од 420 деца.

„Вистинската цена на оваа последна ескалација ќе се мери со животите на децата“, рече Расел на вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со хуманитарната ситуација во Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот