ВИДЕО | На Рама не му се допадна прашањето, па ја турна новинарката

Рама турна новинарка / Фото твитер

Лавина коментари се појавија на социјалните мрежи во Албанија откако премиерот Еди Рама оттурна новинарка за време на прес-конференција, откако, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.

Како што пренесува „Газета10“, Рама ја турнал новинарката на телевизијата СИРИ откако таа му поставила прашање.

Наводно, новинарката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, додека во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.

– Те молам, не ме допирај повеќе – рекла новинарката, а Рама си замина по инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот