ВИДЕО: На протестот се читаа имињата на жртвите од пожарот во Кочани, модуларната болница во Тетово, автобусот на „Беса транс“…
На денешниот протест организиран од иницијативата „Кој е следен?“, учесниците повторно им аплаудираа на лекарите и медицинските лица кои се грижат за повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Препорачано
Стотици учесници на протестниот марш се движеа од Владата кон Судскиот совет и кон Собранието, па до Кривичниот суд, извикувајќи „Доста беше смрт” и барајќи правда за младата Теодора Ристовска, која беше прегазена на пешачки премин во Тетово, а возачот доби само две години затвор.
Пред Кривичниот суд се читаа имињата на загинатите во пожарот во Кочани, во модуларната болница во Тетово, во автобуските несреќи кај Ласкарци и во Бугарија…
Од протестниот марш организиран од иницијативата „Кој е следен”, учесниците побараа правда и за сите останати трагедии кои ни се случија изминатиов период, а главниот транспарент и на денешниот собир беше „Системот е следен”.
Протестниот марш започна пред Владата, а потоа рутата е кон Судскиот совет, Собранието па се до Кривичниот Суд.


