ВИДЕО | На албанската евровизиска претставничка организаторите ѝ го цензурирале настапот

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Организаторите на Евровизија наводно го цензурирале настапот на албанската претставничка Ронела Хајати, поради што пејачката во последен момент била принудена да го промени настапот на ова натпреварување.

Ронела на вчерашната церемонија по повод свеченото отворање на манифестацијата, се појавила облечена во костим со чуден дизајн, а на главата носела коцкаст детаљ кој буквално ѝ го покривал лицето.

Фото: Профимедиа

Ронела со причина дошла така облечена, а тоа е – револт.

Имено, пејачката е бесна бидејќи организаторите го цензурирале нејзиниот настап поради, како што навеле голотија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RONELA (@ronelahajatiofficial)

Ронела од таа причина била принудена во целост да ја промени концепцијата на својот настап и да одбере друга креација, која според нивните правила не е толку експлицитна.

Пејачката решила сега да оди во друга крајност.

@eurovision The Sekret’s out! Check out this exclusive look at @Ronela Hajati’s first rehearsal on the #Eurovision stage! 🇦🇱🦅 #Eurovision2022 #tiktokeurovision ♬ original sound – Eurovision

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот