ВИДЕО | Многумина не ја разбираат, но таа е среќна: Девојка бесплатно чисти тоалети во супермаркетите
Чистењето на јавните тоалети не е привлечно за повеќето работници во големите супермаркети. Меѓутоа, една девојка одлучила слободното време да го користи чистејќи ги јавните тоалети и средувајќи ги полиците во супермаркетите – во тој каде што работи, но и во оние каде што не е вработена – и тоа потполно бесплатно.
Препорачано
„Модерната Пепелашка“ од Њујорк, САД, која на ТикТок се потпишува како Медисон, преку нејзиното видео објаснува дека ужива да чисти, како во нејзиниот стан, така и во супермаркетите низ градот. Како што вели, иако многумина се грозат од такви работи, тоа нејзе ја исполнува.
“Работев во ‘Таргет’ бесплатно. Стигнав таму во 13:00 часот, подготвена за работа. Се погрижив да стигнам таму и да бидам повеќе од обичен клиент”, рекла девојката, која официјално не е вработена во супермаркетот.
Во вирално видео кое го документира нејзиното необично хоби, може да се забележи како Медисон ги средува полиците на на супермаркетот, го фрла ѓубрето, организира и им помага на клиентите да ги лоцираат производите, а исто така ги чисти и јавните тоалети.
Она што е интересно за сето ова е што ниту персоналот на продавницата ниту обезбедувањето не ја испрашувале Медисон за нејзиниот престој во продавницата, бидејќи таа им рекла дека доброволно ќе работи цела осумчасовна смена без да биде платена.
„Тоалетот беше навистина валкан“, рече таа додека со голи раце го бришеше влажниот тоалет и го собираше ѓубрето.
Ова не е првпат таа да прави ваква работа бесплатно. Минатиот декември Медисон помина девет часа чистејќи го „Волмарт“ пред божиќната еуфорија. И како што вели, сето тоа го прави бидејќи чистењето ја исполнува.
И покрај нејзиниот убав и несебичен гест, корисниците на социјалните мрежи сепак имаа негативни реакции кон девојката.
„Ова е премногу морничаво“; „Зошто луѓето го прават ова за големите корпорации, а не за оние кои имаат потреба или бесплатни клиники? Буквално секаде освен големите компании“; „Сакам голема сума пари, слободно време и здодевност“, напишаа тие кои не го сакаат нејзиното хоби.
Сепак, имаше и такви кои ја поздравија нејзината хумана работа, нарекувајќи ја „фасцинантна“.
@ugh_madison I worked at a random target store for free! @OLIPOP #olipoppartner ♬ original sound – ugh madison


