ВИДЕО | Младиот пејач Гроздановски раскажа уникатна приказна: Кога бев бесен како дете, само Игор Џамбазов ме смируваше
Интересна приказна за Игор Џамбазов раскажа младиот и талентиран пејач Дарко Гроздановски.
Препорачано
Покрај неговиот вокален талент и харизма, зад неговата поврзаност со музиката и естрадата стои една исклучително интересна и емотивна приказна која датира уште од неговото најрано детство.
Дека судбината ги спојува нештата на несекојдневен начин, потврдува и неговата лична приказна поврзана со македонската легенда Игор Џамбазов. Дарко кој е инаку по потекло од Битола, со многу емоции и насмевка, се присети на тие моменти во емисијата „Никој да не знае“.
„Јас дома имам касета, се вика ’Супер Бинго и спотови‘. И ден-денес ми работи видеото, функционира и касетата. Во 2001 татко ми снимал ’Супер Бинго‘ кое го водеше Игор Џамбазов. Ги имам касетите со ’Том и Џери‘, касета со ’Дизни‘ неколку цртани, имам неколку касети кои помагале во кога сум бил најбесен да се смирам. Но, ниту една касета не помагала така, како ’Супер бинго‘. Не знам како двегодишно дете гледа во еден човек што води ’Супер Бинго‘ и тоа му е најголемо задоволство и најмногу се смирува од сè. Ете така почна, ова е апсолутна вистина. Дури и касетата татко ми ја пресними на цеде на Игор Џамбазов и сега и тој ја има. Кој би рекол дека после 23-4 години, тоа што го снимал татко ми за да го смири синот бесен, ќе стигне во раце на Игор Џамбазов. А за коцките како се поклопуваат, тој да ми направи песна, јас само се ежам кога ќе помислам и си велам фала многу“, рече младиот пејач од Битола на ТВ „Телма“.
View this post on Instagram
Ова видео на социјалните мрежи го сподели и Игор Џамбазов.


