ВИДЕО: Младиот Марко Пејчиновски третпат овој месец го преплива Охридското Езеро

Фото: принтскрин

Третпат во јуни, познатиот млад пливач-маратонец Марко Пејчиновски го преплива Охридското Езеро, овој пат на делница од Радожда до Трпејца.

Нешто повеќе од шест часа му беа потребни на Пејчиновски да ја преплива делницата од Радожда до вилата „Марко“ во Трпејца. Од вода излезе нешто пред 16 часот, свеж, како да не пливал 20 километри по жешкото неделно сонце. Подвигот се пренесуваше на неговата страница на Фејсбук.

Марко ова лето има план да плива десет различни делници на Охридското Езеро, во вкупна должина од околу 250 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот