ВИДЕО | Милан Мариќ со моќен говор против насилството: Да бидеме нежни еден со друг, но жестоки во осудата на насилството
Актерот Милан Мариќ, кој е годинашен водител на српскиот Избор на песна за Евровизија, одржа моќен говор за време на првото национално полуфинале, во кој го осуди порастот на насилството врз жените и ЛГБТ популацијата во Србија.
Препорачано
„Сведоци сме на секојдневно насилство – како во светот, така и кај нас. Вербално, психичко, физичко насилство врз жените, врз децата, врз возрасните лица, врз припадниците на ЛГБТ заедницата, врз сите оние кои се, на некој начин, поинакви.
Не смееме да ги затвораме очите пред оваа тема бидејќи насилството се храни со тишина. Кога насилството му се случува на некој друг, таму далеку, прашање на време е кога тоа ќе тропне и на нашата врата.
Денес сме си потребни еден на друг, да се бориме за доброто во нас, да се разбираме еден со друг, да си простуваме едден на друг, да се сакаме меѓу себе, да ја препознаваме човечноста и да ги почитуваме различностите.
Никогаш не се знае од кое семе фрлено на земја ќе израсне најубавиот свет. Затоа да бидеме нежни еден со друг, но жестоки во осудата на насилството.
Да живее љубовта“, рече Милан Мариќ.
View this post on Instagram
Имено, Милан Мариќ е едно од највлијателните актерски имиња во Србија, но и во регионот. Тој се стекна со голема популарност поради неговата главна улога во биографскиот филм „Тома“, посветен на познатиот пејач на народна музика – Тома Здравковиќ.
Тој е познат по тоа што ја користи својата популарност за да им даде медиумски простор на ваквите важни теми во јавноста. Мариќ неретко ги искажува своите ставови кои се против насилството врз жените, но и против дискриминацијата врз припадниците на ЛГБТ заедницата во општеството.
View this post on Instagram
Повеќе текстови за Милан Мариќ:
Милан Мариќ, актер: Бата и Љубиша во едно, верзија 4.0
Интервју со Милан Мариќ, актерот од „Тома“: Човек сум кој му верува на животот


