Маж си го одзеде животот, скокна од зграда во Карпош

Фото: Слободен печат

Маж попладнево скокна од зградата „Настел“ во скопската населба Тафталиџе, на булеварот „8 Септември“.

Полицијата го блокираше булеварот, а на место е пристигната е екипа на Брзата помош.

Според информациите на „Слободен печат“, станува збор за средовечен маж кој си го одзел животот.

Настанот предизвика вознемиреност во соседството, но и реакции на социјалните мрежи поради што редакцијата на „Слободен печат“ ги повлече фотографиите со вознемирувачка содржина и им се извинува на читателите.

МВР го истражува случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот