Напаѓачот во Колорадо/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Маж фрли молотови коктели на произраелски протести во Колорадо, 6 лица се повредени

Маж на возраст од 42-години фрлал молотови коктели врз произраелски демонстрации во Болдер, Колорадо, при што неколкумина се повредени, соопштија локалните власти.

Напаѓачот е идентификуван како Мохамед Сабри Солиман, египетски државјанин кој во земјата престојувал илегално бидејќи во времето на администрацијата на Бајден дошол во САД до Б-2 виза и никогаш не се вратил дома.

Осомничениот е во притвор, а полицијата истражува она што претставници на ФБИ веднаш го нарекоа „целен терористички напад“ – иако локалните власти рекоа дека е прерано да се утврди природата на нападот.

На видеото на кое наводно се гледа нападот, полугол маж кој држи проѕирни шишиња со запалива течност и се движи пред запалена трева.

Може да се чуе како вика: „Долу ционистите!“, „Слобода за Палестина!“ и „Тие се убијци!“ кон луѓе во црвени маички кои се обидуваат да му помогнат на човек кој лежи на земја.

Други слики покажуваат црн чад како се издига во паркот.

„Кога пристигнавме, пронајдовме повеќе жртви… со повреди кои изгледаа како изгореници“, изјави во недела началникот на полицијата во Болдер, Стивен Редферн.

„Свесни сме за целниот терористички напад во Болдер, Колорадо, и спроведуваме темелна истрага за него. Нашите агенти и локалните органи за спроведување на законот се веќе на местото на настанот и ќе објавиме повеќе информации штом ќе станат достапни“, изјави директорот на ФБИ, Кас Пател, за Икс.

Локалната полиција извести дека имало „неколку жртви“ и дека голем дел од центарот на градот е блокиран. Некои жртви се хоспитализирани, а нивните повреди се движат од „многу сериозни“ до „мали“, според властите.

Во подоцнежното ажурирање на властите, беше објавено дека 6 лица се префрлени во болници со изгореници и биле на возраст од 52 до 88 години.

Нападот се случил за време на настанот „Трчај за нивните животи“, според објавата на Лигата против клевета на социјалните мрежи. Неделниот собир на членовите на еврејската заедница има за цел да им даде поддршка на заложниците заробени за време на нападите во Израел на 7 октомври 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот