ВИДЕО | Матуранти од Хрватска ѝ подарија автомобил на класната
Професорка од Средното техничко училиште во хрватскиот град Задар денеска доби несекојдневно емотивно изненадување во дворот на училиштето, кога матурантите ѝ го открија автомобилот кој ѝ го подариле, во знак на благодарност за четиригодишниот труд, трпението и воспитувањето кое го добиле од класната раководителка, јавуваат локалните медиуми.
Препорачано
Матурантите кои се школувале за воздухопловни техничари заеднички го организирале големото изненадување, а професорката, како што може да се види и на снимката која ја објавија, остана без зборови, во целосен шок.
„Целата акција била подготвувана во строга тајност, а моментот на врачувањето на клучевите беше исполнет со силни емоции. Кога класната раководителка Нина сфати што всушност ѝ подаруваат нејзините ученици, таа остана во целосен шок, буквално без зборови, додека низ дворот одекнуваа аплаузи и навивање од гордите матуранти“, пишува „Морски.хр“.
Maturanti Srednje teh škole poklonili razrednici auto. "#Zadar pic.twitter.com/qtsAJJxhVd
— DA de Franceschi (@dadef69) May 22, 2026
По ваквиот гест, нема сомнеж дека класната раководителка Нина завршила врвна работа – пред сè воспитала големи луѓе, пишува локалниот портал.


