фото: EPA-EFE/PETER POWELL

ВИДЕО: Манчестер јунајтед во спектакуларен меч со седум гола го совлада Вулверхемптон

Во 22 коло од Премиер лигата фудбалерите на Манчестер јунајтед триумфираше на гостувањето кај Вулверхемптон со 4:3.

По првото полувреме водеа „црвените ѓаволи“ со головите на Рашфорд во петтата и Хојлунд во 22 минута.

Намалија домаќините во 71 минута од пенал кој го реализираше Сарабија, потоа за 3:1 се погрижи МекТомини во 75 минута по асистенцијата на Фернандеш.

Килман во 85 минута намали за 3:2, а во судиското надополнување шок за Јунајтед бидејќи следуваше израмнување кое го донесе Нето во 95 минута.

Малку недостасуваше „волците“ да го избегнат поразот, но тоа не го дозволи младиот Мејну во 97 минута.

На табелата Манчестер јунајтед е на седмата позиција со 35 бодови, додека Вулверхемптон е на 11 место со 29.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот