ВИДЕО: Малме ќе игра во Лигата на шампионите

Шведскиот тим по пауза од пет години повторно ќе игра во ЛШ/ фото: EPA-EFE/Andreas Hillergren

Познати се првите три екипи кои преку квалификациите обезбедија пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Во елитното натпреварување во новата сезона ќе играат Бенфика, Јанг Бојс и Малме.

Малме и покрај поразот од 2:1 на реваншот против Лудогорец, обезбеди пласман во ЛШ поради триумфот од 2:0 во првиот натпревар.
Бугарскиот шампион поведе уште во 10. минута преку Недјалков, но во финишот од првиот дел Малме израмни преку Бирманчевиќ. Пировата победа за Лидогорец ја обезбеди Сотириу со голот од пенал во 60. минута.

Јанг Бојс на реванш натпреварот во Будимпешта против Ференцварош пристигна со предност од 3:2, а со идентичен резултат славеше и вечерва.
Зајсигер уште во петтата минута му донесе предност на Јанг Бојс, но унгарците до крајот на првиот дел направија пресврт благодарение на головите на Винго во 18. и на Мае во 27. минута.
Сепак, во второто полувреме Фаснарт во 56. минута го израмни резултатот, додека Мамбимби во судиското продолжение постигна гол за нов триумф на Јанг Бојс што значеше пласман во групата фаза во ЛШ.


Екипата на Бенфика успеа да ја зачува предноста од првиот натпревар (2:1) и во реваншот во Холандија против ПСВ Ајндховен одигра без голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот