ВИДЕО | Макрадули: Во Пошта плаќање на сметки и други финансиски трансакции со најниска провизија

Фото: Драган Митрески / Слободен Печат.

И покрај изјавата на Макрадули дека се задоволни од веќе направените трансакции, денеска екипата на „Слободен печат“ ги начека филијалите на пошта празни, додека гужвите останаа пред банките.

Граѓаните од денеска, после неколкумесечен прекин, повторно можат да ги плаќаат сметките и да извршуваат плаќања во готово преку шалтерите на Пошта. Платниот промет на пошта ќе се одвива преку Халкбанк АД Скопје, а провизијата за плаќање на сметки ќе изнесува 35 денари.

Функционирањето на платниот промет во Пошта од март ќе биде достапен во повеќе избрани подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2,  подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово.

Фото Слободен печат / Драган Митрески

Според директорот на Пошта, Јани Макрадули, ова партнерство со Халкбанк ќе придонесе за финансиско стабилизирање на Пошта, но и ќе овозможи плаќање на сметки и други финансиски трансакции со најниска провизија.

-Утрово, само за еден час, направени се веќе 500 трансакции, а не сакаме да брзаме и започнавме со 35 поштенски единици. Ова е добра работа и за граѓаните, бидејќи провизиите што ги нудиме ние се најмали, а е добро и за двата деловни партнери. Ќе ја вратиме поштата таму каде што припаѓа, на граѓаните – изјави Макрадули.

Фото Слободен печат / Драган Митрески

Сепак и покрај изјавата на Макрадули дека се задоволни од веќе направените трансакции, денеска екипата на „Слободен печат“ ги начека филијалите на пошта празни, додека гужвите останаа пред банките.

Пред случувањата со Еуростандард банка, за некои сметки, како на пример за струја воопшто немаше провизја. На прашањето на „Слободен печат“ за износот на провизиите и дали од Пошта или од Халк банка преговараат со ЈП „Водовод и Канализација“ или со „ЕВН“ за тие да ги подмируваат трошоците за провизија, а не граѓаните, директорот на пошта, Јани Макрадули изјави:

„Услугата која банката ја прави во име на поштата е дефинирана од банката и како било која банка си пресметува провизија на услугата што ја врши, на финансиската услуга на платниот промет. Халк во име на пошта го врши платниот промет и финансиските услуги кон граѓаните.“

Макрадули: Ќе ја вратиме Поштата кај граѓаните

Макрадули: Провизијата од 35 денари ја одредува Халкбанк, а не пошта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот