Фото: Снукер Федерација на С. Македонија

ВИДЕО | Македонскиот јуниорски снукер шампион стана победник на WNT Next Generation во Сараево

Андреј Ѓурчиновски, нашиот јуниорски снукер шампион, и актуелен билјард првак во сениорска конкуренција на Македонија, викендов, на European Pool Open во Сараево, Босна и Херцеговина стана и прв победник WNT Next Generation.

Ова е настан кој паралелно за прв пат се организира за најдобрите светски јуниор до 16 години, паралелно со главниот настан од Билјард про турата.

Без пораз Ѓурчиновски успеа да стигне во финалето.

А последниот удар за трофејот снимен од неговите претходни противници, од нивни агол и нивните честитки се бесценети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот