ВИДЕО | Македонија има една победа во дуелите против Ирска
Македонската фудбалска сениорска репрезентација денеска од 20.45 часот, ќе се соочи против Ирска во пријателски натпревар меѓу двете селекции кои не успеаја да се пласираат во финалето на плејофот за Светското првенство 2026. Средбата ќе се одигра на стадионот „Авива“ во Даблин.
Препорачано
После разочарувачкиот пораз од Данска во Копенхаген, селекторот Гоце Седлоски кажа дека неговите играчи ќе мора да покажат карактер, дисциплина и цврстина во дуелите.
„Планирам да ротирам и да им укажам шанса на неколку нови фудбалери, а верувам дека ќе ја оправдаат довербата. Сакам да нагласам дека репрезентацијата е отворена за сите, секој сам одлучува дали ќе го носи овој дрес. Се игра за Македонија, а не за поединци“, изјави Седлоски.
За првпат овие две репрезентации ќе се соочат во пријателски натпревар, претходните шест пресметки беа квалификациски мечеви за пласман на ЕП и СП.
Ирците имаат вкупно четири победи, еден меч заврши реми на 9 октомври 1999 година со резултат 1:1 во Скопје, а единствениот триумф го имаше на 2 април 1997 година кога во главниот град славевме со 3:2. Двоен стрелец на тој меч беше Митко Стојковски, а еден погодок запиша Ѓорѓи Христов.
Македонија во изменет состав против Ирска: Трајковски и Миовски се повлекле, отпадна и Атанасов


