ВИДЕО: Македонија Ѓорче Петров подобра од Работнички, Тиквеш „пукна петарда“ во Чегране
Во рамките на 21. коло од Првата фудбалска лига денеска се одиграа два натпревари исполнети со голови и возбудувања, а се радуваа фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров и Тиквеш.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Работнички, кој во пресрет на овој натпревар беше во серија од две последователни победи, одлично го отвори дуелот и поведе по само 12 минути игра со погодокот на Талаков. Но, тоа беше сè што прикажаа „романтичарите“ на овој меч.
Домашниот состав брзо ја презеде контролата врз играта и во 38. минута преку Али Адем израмни на 1-1. До паузата следуваше целосен пресврт, откако Стојчевски погоди за водство и голема радост на „лавовите“. Во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров продолжи со подобрата игра, а во 57. минута по голем кикс на голманот Ондоа, Николиќ а испрати топката во мрежата за конечни 3-1.
View this post on Instagram
Уште поубедлива беше екипата на Тиквеш, која на гостувањето во Чегране против Арсими славеше со убедливи 5-0. Прашањето околу победникот беше решено уште во првите 45 минути, кога гостите трипати ја затресоа противничката мрежа. Во листата на стрелци се запишаа Стојанов, Гуел, Лусианињо, Сила и Голубов, при што секој од нив даде свој придонес во убедливиот триумф.
View this post on Instagram
ВИДЕО: Братучедот на Андре Онана прими еден од најсмешните голови во македонскиот фудбал


