ВИДЕО: Лукаку им се извини на навивачите, се враќа во составот на Челси

Ромелу Лукаку му се извини и на тренерот Томас Тухел поради контроверзното интервју/ фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Фрустриран од системот на менаџерот на Челси, Томас Тухел, Ромелу Лукаку рече дека сака да се врати во Интер, поради што беше исклучен од тимот и не настапи во дербито со Ливерпул.

Белгискиот напаѓач се врати денеска во составот на лондонските „сини“, откако му се извини на менаџерот Тухел поради контроверзното интервју минатиот месец.

– Ромелу се извини и се врати во тимот за денешниот тренинг. За мене најважно беше јасно да разберам и да верувам дека тоа не било намерно. Тој е наш играч, среќни сме што тој е наш играч – рече Тухел.

Воедно Лукаку (кој во изминатиот период на Фејсбук објави дека е играч на Интер, а на Челси), им се извини на навивачите преку видео кое го објави неговиот клуб на социјалните мрежи.

На навивачите им се извинувам за вознемиреноста што ја предизвикав. Jа знаете врската што ја имам со овој клуб уште од моите тинејџерски години, и целосно разбирам дека сте вознемирени. Очигледно е дека сега зависи од мене да ја вратам вашата доверба и ќе дадам сè од себе да покажам посветеност секој ден на тренинзите и натпреварите обидувајќи се да победуваме на мечевите.

И, исто така, се извинив до менаџерот, до моите соиграчи и бордот, бидејќи мислам дека тоа не беше вистинскиот момент. И сакам да одам напред од ова и да се погрижам да почнеме да победуваме на натпреварите и да настапувам за тимот на најдобар начин – се зборовите на Лукаку.

Направи трансфер од Интер во август минатата година и потпиша договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“ до јуни 2026 година. Лукаку беше најголемото рекордно засилување на Челзи на сите времиња, според британските медиуми, за трансферот беше платено од 97,5 милиони фунти. Сезонава на 18 натпревари за Челзи постигна седум гола.

Лукаку беше играч на Интер во 2019-2021 година, во која постигна 64 гола на 95 натпревари. Што е уште поважно, тој им помогна на „нераѕурите да ја освојат титулата во италијанската Серија А во 2021 година, ставајќи крај на деветгодишното владеење на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот