Столе Димитриевски отворен за преселба во Саудиска Арабија?

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски повторно се поврзува со можно заминување од редовите на Рајо Ваљекано. Според последните информации следна дестинација на македонскиот чувар на мрежата може да биде Саудиска Арабија.

Во веста која ја пренесуваат шпанските медиуми и медиумите кои ги следат случувањата во Саудиска Арабија се наведува дека македонскиот чувар на мрежата е заинтересиран за преселба во земјата каде што пристигнаа голем број европски ѕвезди.

Името на клубот кој покажал интерес за Димитриевски засега не се открива. Во минатото кога во прашање е оваа земја, Димитриевски се поврзуваше со Ал Наср уште пред да почнат да пристигнуваат големи имиња во овој клуб, но тогаш трансферот пропадна. Подоцна Димитриевски се поврзуваше и со преселба во клубови од Европа, но засега е член на Рајо.

Крајот на сезоната е блиску, па така и летниот преоден рок, па останува да видиме како ќе се одвиваат работите во оваа ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот