Ѓорческа со пресврт до победа во првото коло на турнирот во Шпанија

Фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со триумф го почна настапот на ВТА 125 турнирот во Леида, Шпанија. Таа во првото коло ја совлада домашната тенисерка Карлота Мартинез Сирез со 2-1 во сетови (3:6 7:5 6:1) за два часа и 9 минути игра.

Во првиот сет по двата освоени гема на свој сервис, тенисерките направија по еден брејк за 2:2. Следниот брејк беше во осмиот гем кога Мартинез Сирез поведе со 5:3 во гемови, а по искористената втора сет топка го освои првиот сет и поведе со 1:0. Вториот сет беше – посебен.

Во првите осум гема ниту една од тенисерките не освои гем на свој сервис и резултатот беше 4:4. И тука беше најава на пресвртот за македонската тенисерка. Деветиот и 11.тиот гем во вториот сет на свој сервис ги освојува без загубен поен, притоа во 10.тиот гем не ја искористи првата сет топка, но тоа го направи во 12.тиот гем кога ја реализираше четвртата сет топка. Сетот Ѓорческа го доби со 7:5 во гемови и изедначи на 1:1. Во решавачкиот сет македонската тенисерка беше убедлива и по 1:1, направи серија од 4-0 за конечен триумф и добиен сет со 6:1 во гемови, а во мечот 2-1 во сетови.

Во второто коло Ѓорческа ќе игра со победничката од мечот меѓу втората носителка Катарина Синиакова од Чешка (40.место на ВТА листа) и Алисија Паркс од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот