ВИДЕО | Без победник во првата полуфинална битка на Баерн и Реал

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва ремизираа 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Баварците подобро го почнаа натпреварот и создаваа повеќе прилики пред голот на шпанскиот гигант.

Сепак, Реал Мадрид беше тој кој прв го отвори резултатот по 24 минути игра. Тони Крос испрати една одлична топка до Винисиус кој реализираше за водство на „кралевите“.

Имаше по некоја прилика и на двете страни до крајот на првиот дел, но резултатот не се промени.

Иницијативата на Баерн се исплатеше во второто полувреме кога набрзина домаќините постигнаа два гола за целосен пресврт. Прво Лерој Сане во 53. минута го изедначи резултатот, а само четири минути подоцна најдобриот стрелец на Баерн, Хари Кејн постигна гол за целосен пресврт и победа.

Винисиус во 83. минута на ист начин како и Кејн го постигна вториот гол на  натпреварот за конечни 2:2.

Ќе потсетиме утре во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Борусија Дортмунд и Пари Сен Жермен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот