Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ нема да направи никаков исчекор кон ЕУ

Бојан Маричиќ - СДСМ/ Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Јас немам дилема дека ВМРО-ДПМНЕ нема да направи никаков исчекор во европските интеграции, порача во интервју за „Слободен печат“ Бојан Маричиќ прв вицепремиер во Владата.

„Ако ги следите нивните изјави од вчера, велат ајде да не брзаме да видиме што ЕУ планира со нас и тоа е легитимно, меѓутоа завчера во Европскиот парламент беше усвоен пакетот од шест милијарди за нашиот регион, од кои Македонија треба да добие 850 милиони евра и тоа е јасен одговор на тоа што ЕУ планира со нас. Планира да вложува во овој регион за тој да се развива, ние тоа треба да го искористиме и на тоа треба да работиме, да создаваме нашите млади да имаат можности што ние сме ги немале. Јас кога бев студент чекавме во редици за виза, денес има многу повеќе можности, но ние борејќи се со нашите стравови со нашите отворени прашања, тие можности ги пропуштаме“ рече тој.

Маричиќ додаде дека интеграцијата во ЕУ е гаранција за напредокот и развојот на државата.

-Секоја долготрајна блокада секогаш завршувала со внатрешни проблеми и конфликти коишто веќе се во најава, рече Маричиќ.

Според него партиите ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ водат изразено националистичка кампања.

„Ние сега, во кампањата имаме жестока националистичка реторика како никогаш до сега претходно. Конкретно мислам на оној активен дијалог на кревање тензии, помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во текот на кампањата. Тој концепт многу лесно се поигрува со чувствата на граѓаните. Концептот на бинационална држава и меѓуетничка поделеност отсекогаш бил концепт на ВМРО-ДПМНЕ“ посочи тој.

Ние, додаде Маричиќ, секогаш сме нуделе пограѓански пристап, пристап во кој сите граѓани се еднакви и нормално, пристап со кој се брани и чува достоинството на македонскиот народ.

Целото интервју погледнете го во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот