ВИДЕО | Лила: Крштевање во светите води на реката Јордан, никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Нашата позната водителка и инфлуенсерка Лила Стојановска, неодамна го прослави својот 51. роденден во друштво на нејзините најблиски пријатели, споделувајќи со своите следбеници дека „остава претешка година зад себе“.

Еден месец по роденденската прослава водителката отпатува за Јордан – кралство на Блискиот Исток.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


„Добар ден од неверојатниот Аман, главниот град на кралството Јордан. Град каде што на исто место ке најдете градби стари илјадници години и нови облакодери и атмосфера како во најмодерниот европски град. Град за кој допрва ќе ви раскажувам. Ова е мојот роденденски подарок од мојата драга Мими“ – напиша Лила во описот на фотографиите.

Со посетата на Јордан, Лила си исполни дамнешна желба:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„Како вистинска христијанка и верник денес ми се исполни една дамнешна желба… Крштевање во светите води на реката Јордан, местото каде Јован Крстител го крштевал Исус. Никогаш посреќна, никогаш поблиску до Бог. Да правиме добри дела и да шириме љубов“ – напиша водителката во описот на видеото.

 

ФОТО+ВИДЕО | Лила го прослави роденденот: Оставам претешка година зад себе, научив дека секој ден е борба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот