ВИДЕО | Лесно и практично решение за ставање сијалички на божиќната елка: Секоја година сме ги ставале на погрешен начин

unsplash

Многу луѓе со душа чекаат да дојде декември за да почнат да ги украсуваат своите домови, а највозбудливиот момент секако е украсувањето на елката. Покрај лампионите во разни форми, бои и текстури, машни и украси, сијаличките се неопходен додаток на секоја божиќна елка.

Иако можеби мислите дека сте станале експерт за украсување со текот на годините, Клер Хупер ќе ве убеди во спротивното.

unsplash

Нејзиниот совет што го сподели со своите следбеници на апликацијата „Тик Ток“ е навистина револуционерен. Не само што сијаличиките полесно ќе се отстранат од елката кога ќе поминат празниците, туку и многу полесно се ставаат на овој начин.

Наместо да се вртите околу елката со сијаличките за кои сите знаеме колку лесно се заплеткуваат, Клер советува да ги поставувате вертикално, од горе надолу и така сè до крај.

Декорирањето новогодишни елки беше моја работа. Ние секогаш го користевме методот на „цик-цак“. На овој начин, нема да мора да трошите сијалички на задниот дел од елката, што нее ни видлив, а ќе заштедите и време кога ќе почнете да ја раскитувате“, вели Хупер, чие видео има неверојатни 2,4 милиони прегледи и над  117.000 лајкови.

На нејзиниот профил „Тик Ток“ можете да видите уште многу интересни видеа со интересни совети и трикови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот