леонардо дикаприо
Леонардо Дикаприо /Фото: Profimedia

ВИДЕО | Леонардо Дикаприо одмара во Хрватска: Снимен на Хвар во друштво на девојка му и познат пријател

Хрватска е омилена дестинација за многу филмски и музички ѕвезди, но оваа година е навистина рекордна кога станува збор за познати личности кои решиле да одмараат таму.

Познатиот Леонардо Дикаприо беше и на Хвар и во Дубровник на почетокот на јули, и беше виден во друштво на главниот лик од филмот „Спајдермен“, Тоби Магваер и неговата девојка Виторија Черети.

@granchichi Novi dan, novi celebrity 🫧🌅 @Don Quijote Hvar Restaurant #fyp #foryoupage #storytime #viral #leonardodicaprio #vlog #hvarcroatia #CapCut ♬ sail away (instrumental) – lovelytheband

Tиктокерката Петра успеа накратко да го сними познатото дуо.

– Нов ден, нова славна личност, што значи дека продолжуваме со серијата „која славна личност беше во ресторанот Дон Кихот“, а ова навистина ќе ве изненади. Како што можете да видите, Леонардо Дикаприо дојде во ресторанот со своите пријатели. Меѓу нив беше и Тоби Магваер. Фактот дека Леонардо Дикаприо седеше на истото место каде што седев и јас и јадеше ист бифтек, прилично е кул – рече Петра во видео кое е прегледано повеќе од две илјади пати.

Италијанската манекенка Виторија Серети првпат проговори за врската со двојно постариот Леонардо Дикаприо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот