ВИДЕО: Легендарните Ван Гог со нов спот за песната „Веќе не те сакам како претходно“

Концерт на Ван Гог/ Фото Marko Edge

Популарниот српски бенд Ван Гог го објави најновиот спот за песната „Веќе не те сакам како претходно“ од нивниот последен студиски албум „Море без обала“, снимен на двата концерта кој бендот ги одржа во Двораната МТС.

Фронтменот на бендот, Звонимир Ѓукиќ вели дека овој спот е само една од многубројните слики од нивните незаборавни концерти.

Спотот на песната „Веќе не те сакам како претходно“ е снимен од двата концерти кои Ван Гог ги одржа на 11 и 12 март во Двораната МТС. И на двата концерта, култната сала во Белград беше претворена во жариште на рокенролот. Овој креативен пробив беше уште еден показател дека групата Ван Гог навистина не остава ништо на случајноста.

Најновиот спот одлично ја отслика атмосфера концертот на Ван Гог, која со оригиналната изведба на музичарите, како и со оригиналната сценографија и добропознатиот британскиот рокенрол звук, ја „полуде“ публиката. Извесно е, судејќи по зборовите на Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, фронтменот на групата Ван Гог, дека овие два концерта можат да се сметаат меѓу најексплозивните настапи на групата.

Како што вели фронтменот на групата, тие досега снимале ваков спот (за време на концерт во живо).

„Ова видео е слика од нашето музичко патување. Преку комбинацијата на комичната естетика и гитарскиот „висок напон“, претставува стилски и визуелен пробив, чии слични досега не сме имале во нашата повеќедецениска кариера“ вели Ѓукиќ.

Во текот на изминатото лето, турнејата на Ван Гог опфати бројни градови низ Србија и регионот, а есенскиот дел од турнејата ќе започне со концерти на 30 септември во Торонто и 1 октомври во Чикаго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот