Фото: screenshot

ВИДЕО: Леброн ги загуби нервите, прво тргна да се тепа со Брукс, а потоа и со судијата

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа минимална победа од 116-114 над Феникс Санс во натпревар исполнет со драма до самиот крај, но и со тензична атмосфера на паркетот, во која главна улога имаше Леброн Џејмс.

Искусниот ас ги загуби нервите по еден остар дуел со Дилон Брукс, по што тргна во жестока расправија со противничкиот кошаркар, а ситуацијата брзо ескалираше и во конфликт во кој мораа да интервенираат и судиите.

„Кралот“ не се смири ниту по нивното вклучување, напротив, дополнително се изнервира поради развојот на настаните, реагирајќи бурно кон арбитрите и инсистирајќи Брукс да биде санкциониран за својот потег.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот